СДСМ: „Дил ориентед“ политиките на Груевски ги избркаа студетните од Македонија

Од:

„На Никола Груевски пред заминување му гори под нозете. Се плаши Груевски од изборен пораз и соочување со одговорноста за криминалот и корупцијата во изминатите 10 годинуи.

Откако со неговите „дил-ориентед“ политики избрка 626.321 граѓани од Македонија, пред се млади и образовани луѓе, сега Никола Груевски, пред избори, се сети на студентите и најавува наградни патувања во странство.

Поради погрешните политики на Груевски и фамилијата младите одат на патувања ама со карта во еден правец.

Секој втор млад човек сака да си замине од државава поради големата невработеност и нискиот животен стандард.

Но, Никола Груевски одамна не живее во реалноста.

Проблемите со коишто се соочуваат граѓаните и младите на Македонија не се негова грижа.

За цели 10 години Никола Груевски не изгради ниту еден студетски дом. Како што самиот призна, 10 години барал парцели.

Раскомотен Никола во мерцедесот од 600 илјади евра со кожни седишта, на екраните ги гледа само виртуелните вести на медиумите под негова контрола.

Студентите многу добро го знаат лицемерното лице на човекот кој единствено мисли на провизиите за фамилијата, на матните зделки на братучедот Мијалков, кумот Ставрески, на парцелите на Водно, на тендерите од спомениците вредни 630 милиони евра…

Додека Груевски и фамилијата се богатеа, од секое семејство во Република Македонија има по најмалку еден член што заминал во Италија, Германија, Америка, Австралија, и многу други земји, заради невработеност.

Помина времето на Никола Груевски. Граѓаните и студентите немаат никакви очекувања од манипулаторот Груевски кој иднината на Македонија ја избрка надвор од земјата.

Граѓаните, студентите, младите, сите одбројуваат, ја чекаат неговата оставка“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

А1он

СДСМ: Христовски го демантираше Мицкоски дека бил прислушуван, АНБ да ги декласифицира документите

Катерина Ѓуровски