СДСМ: ДИК донесе политички диригирана одлука на штета на граѓаните

Од:

„Актуелниот состав на ДИК, чијшто законски мандат истече на 08.11.2015 година, на само неполни 24 часа пред изборот на нов состав на Државната изборна комисија, донесе уште една политички диригарана одлука на штета на граѓаните.

Одлуката на постоечкиот состав на Државната изборна комисија е очекувана и водена од политичкиот интерес на власта.

Како може правото на вето на дополнителниот заменик министер да биде почитувано кога се работи за задолжување на меѓународен план, а да не важи за задолжувањето кај домашните банки?

По која правна логика или законски акт ДИК донесе ваква одлука?

Банките како најголеми доверители мораат да имаат во предвид дека утрешната и сите наредни аукции на државни хартии од вредност, коишто немаат согласност од дополнителниот заменик министер  за финансии, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување, од аспект на нивно третирање како законски јавен долг.

Секое задолжување, поголемо од износот потребен за враќање на доспеани долгови по основ на државни хартии од вредност во наредните закажани аукции, СДСМ ќе го третира како можност за злоупотреба на средства за изборни манипулации, лично од страна на премиерот Никола Груевски.

Потенцираме дека до следната аукција на државни хартии од вредност, закажана на 15.12.2015 година, доспеваат за враќање 61 милион евра.

Расипничките и недомаќински политики на Никола Груевски ја доведоа државата во ситуација да мора да се задолжува за да обезбеди пари за плати, пензии, социјална помош, капитални инвестиции…

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе ги искористи сите законски инструменти за заштита на интересите на граѓаните“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?