СДСМ: ДИК да го соопшти патоказот и роковникот за прочистување на Избирачкиот список

Од:

„Со консензус ДИК констатираше дека има над 330.000 сомнителни гласачи. Тоа е најсериозна потврда дека последните неколку изборни циклуси во Македонија се нелегитимни.

Од овие 330.000 сомнителни гласачи, 124.000 не се проверуваат воопшто. До денес ДИК не даде образложение зошто овие гласачи не се проверуваат. ДИК е должна да им објасни на граѓаните како ќе се проверат овие 124.000 сомнителни гласачи?

До МВР се дадени повеќе од 75.000 гласачи да бидат рачно проверени. Секое досие по досие. Исто така и повеќе од 71.000 се дадени во Министерството за правда, во матична евиденција, да се проверат рачно дали имаат извод на родени. Сето тоа мора да биде завршено до 31 март, а тоа е утре.

При проверките во МВР, може да се случи да се појави потреба, согласно управна постапка, вработени во МВР на лице место да проверуваат живеалиште на одредени сомнителни гласачи за да се утврди фактичката состојба. И тоа до 31 март мора да биде завршено.

Министерство за правда треба секоја книга за матична евиденција на родените да ја отвори и да ги провери тие 71.000 гласачи дали воопшто се родени во Македонија. Сето тоа повторно до 31 март, за 1 ден.

Кога ќе завршат МВР и Министерството за правда сите спорни гласачи треба да ги достават до ДИК и за истите треба да се направи теренска проверка.

Откако ќе се спроведат сите проверки, потребно е да се избришат сите гласачи кои немаат право да бидат на изборачкиот список. ДИК сеуште нема соопштено како мисли тоа да го направи. Законодавецот јасно го нема регулирано правото на ДИК да ги брише таквите гласачи. Следува дека ДИК најверојатно ќе ги доставува до МВР за бришење. Постапката е со право на жалба до Второстепена владина комисија, до Управниот суд и до Вишиот управен суд.

Имајќи ги сите овие информации предвид, ДИК треба да соопшти:

1. Дали процесот за проверка на избирачкиот список е кредибилен?

2. Дали знае како ќе се избришат гласачите кои согласно законот не треба да бидат на избирачкиот список?

3. ДИК да го соопшти патоказот и роковникот по којшто ќе го прочисти избирачкиот список и ќе го стави на јавен увид.

4. И најважното прашање, дали за изборите на 5-ти јуни е можно да имаме веродостоен избирачки список“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино