СДСМ: Дезертерот Ковачки не може да го одбрани криминалот на Мицкоски

Од:

„Со ниту една лага и злоупотреба дезертерот Драган Ковачки не може да направи дефокус од криминалите на ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски молчи 10 дена за сомнителен тендер од 136 милиони евра ама затоа Ковачки штанца невистини“, реагира СДСМ на изјавата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поранешниот полковник, Ковачки дезертираше од Армијата, армискиот чин го смени за партиски, за да му служи на Христијан Мицкоски како пратеник.

Ковачки има дисциплинска, се заканувал на претпоставените во Армијата. Затоа Мицкоски го одбра Ковачки кој треба да каже дали оддавал и воени и тајни и бил шпион против државата?

Во ВМРО-ДПНМЕ ништо не се менува. Тоа е криминална партија и со ништо не може да направи дефокус од тоа“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски