СДСМ денеска и утре во Охрид

Од:

Во рамки на проектот „Работно лето“ СДСМ денеска и утре ќе биде во посета на општините Охрид и Дебрца. Како што изјави партискиот лидер Бранко Црвенковски, предвидени се посети и организирани средби со граѓаните на повеќе населби, населени места, села.

„Ќе имаме прилика од нив изворно да слушнеме кои се нивните најголеми проблеми, кои се најважните работи што треба да се решаваат, и со нив заедно да ја подготвиме програмата на партијата за престојните локални избори“, рече Црвенковски.

Тој нагласи дека иако според првичниот план оваа посета на Охрид требало да биде последната активност во рамки на проектот „Работно лето“, заради позитивните ефекти, големата посетеност, поддршката од страна на граѓаните и интересот и други градови да бидат вклучени, била донесена одлука проектот да продолжи уште повеќе од месец дена. Истакна дека причина за продолжувањето на проектот не се, како што беше оценето во владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, слабата, туку заради големата посетеност на митинзите на СДСМ.

Утревечер во Охрид ќе се одржи и митингот на кој меѓу другото ќе биде промовиран кандидатот на СДСМ за градоначалничката функција, Александар Петрески. – Петрески во два изминати мандати ја водеше општината и како ретко кој ја презеде должноста во невозможно тешки услови, со огромни наследени долгови, блокирани сметки и никаква поддршка од централната власт. Напротив, тој покажа дека ако се сака, дури и во услови на притисоци, блокади и опструкции, може во општина Охрид да се направат многу работи, дури и дел од нив што не се во нејзини ингеренции, рече Црвенковски, притоа посочувајќи го примерот за заштитата на Охридското Езеро како национално богатство.

Петрески од своја страна рече дека довербата што ќе му ја дадат граѓаните и на следните локални избори ќе ја оправда со нови проекти, нагласувајќи ја притоа гасификација на Охрид.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кошничката нема ефект, јајцата, зејтинот, јогурот, кашкавалот, со повисоки цени

(ВИДЕО) Починале 20 бебиња за 6 месеци – СДСМ бара оставка од Таравари

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Груби навреме добил дојава од внатре, од самото МВР со кое управува Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Проблеми во енергетскиот сектор се последица на криминалното работење на СДС и ДУИ

СДСМ: РЕК Битола не работи и не произведува струја

СДСМ: Додека скопјани се гушат ДПМНЕ не прифати ниту еден амандман против загадувањето