СДСМ: Демократскиот капацитет на Груевски е толку низок што не ја разбра пораката од Франција

Од:

Да можеше ВМРО-ДПМНЕ да препознае што е државен и национален интерес најпрво ќе го поздравеше фактот што владејачката Социјалистичка партија на Франција се обраќа со уставното име на земјава, Република Македонија, се вели во писмената реакција на СДСМ.

Очигледно демократскиот капацитет на Никола Груевски е толку низок што не може да ја разбере пораката што денеска ја доби од Франција дека демократијата не може да биде празен збор.

Наместо да ја напаѓа Социјалистичката партија на Франција власта на Никола Груевски треба сериозно да ги разбере пораките од целата меѓународна заедница и конечно да ги промени своите погрешни политики кои ја назадуваат Македонија.

Катастрофалните тенденции во државата, партизираното судство, партизираната администрација, владината контрола врз медиумите, гушењето на демократијата и растот на јавниот долг се на штета на сите граѓани во Република Македонија.

Речиси идентични забелешки власта на Никола Груевски доби и во Извештајот на Европската комисија кој констатираше дека Македонија е во ќорсокак и забележува сериозно назадување.

Комисијата јасно посочува дека одговорноста за попречувањето на европскиот пат за Македонија лежи во врвот на власта на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Нема поголемо оцрнување на државата од спроведување на политики кои се на штета на сите граѓани и кои го попречуваат европскиот пат на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион