СДСМ Дебрца: „Реформите” во водостопанството корисниците од Дебрца ги оставија без вода за наводнување

Од:

„Реформите” што ВМРО ДПМНЕ ги спроведуваше во водостопанството веќе втора година водокорисниците од Дебрца ги оставија без вода за наводнување, соопштуваат од СДСМ Дебрца.

„Со овие реформи беа укинати водните заедници, како здруженија на водокорисниците и со донесувањето на Законот за водостопанство, кој започна да се применува од 01 Октомври 2015 година користењето, управувањето, одржувањето и стопанисувањето со системите за наводнување од дотогашните водни заедници е пренесено на новоформираното Акционерско друштво во државна сопственост, “Водостопанство на Република Македонија “, како вршител на водостопанска дејност, при што за наводнувањето на земјоделските површини на подрачјето на општина Дебрца надлежна е новоформираната подружница на АД Водостопанство, “Црн Дрим”, со седиште во Охрид. Се работи за подрачје кое е надвор од хидросистемите, од причина што на овие територии нема изградено никакви хидротехнички објекти, а главните канали по кои се носи водата и целокупната секундарна мрежа ја сочинуваат земјени јазови и бразди за наводнување.

И во такви услови и состојба со мрежата за наводнување, трите водни заедници, кои функционираа на подрачјето на општината, во десетгодишното свое постоење успеваа да обезбедат вода за наводнување за сите пријавени водокорисници и да ја вршат дејноста за која беа основани, односно без никаква поддршка на државата и локалната самоуправа, исклучиво со сопствени средства на водокорисниците успешно одговорија на целите на Законот за водните заедници.

Наспроти тоа, изминатата сезона за наводнување водокорисниците наместо подобрени услуги мака мачеа како да обезбедат вода за наводнување. И покрај секојдневните поплаки на водокорисниците од страна на АД Водостопанство, односно подружницата “Црн Дрим” на терен речиси да не беше преземена никаква активност за остварување на надлежностите утврдени со член 5 и член 9 од Законот за водостопанство, а првенствено обезбедување на оптимални услуги на корисниците на вода за наводнување, како и одржување и обезбедување ефикасно и одржливо функционирање и користење на системот со кој стопанисува. Пред сезоната за наводнување не беше извршено чистење на јазовите и браздите за наводнување, не беа подигнати одредени зафати на речните корита, не беше воспоставен режим на користење на водата и сето тоа резултираше со отежнато и неквалитетно наводнување, а во одредени реони воопшто не беше обезбедена вода за наводнување. Состојбата уште покатастрофална е оваа година. Сезоната за наводнување е започната, а вода за наводнување нема .

Единствената работа која успешно беше завршена од страна на АД Водостопанство е вработувањето на партиски кадри за вршење на административни и канцелариски работи и доставување до водокорисниците на сметките за воден надоместок.

Поради тоа, во целост ги поддржуваме оправданите барања на водокорисниците да бидат ослободени од обврската за плаќање на водниот надоместок за минатата година.
Воедно, бараме надлежните Управа за водостопанство и водостопанските инспектори да излезат на терен и против вршителот на водостопанската дејности одговорните лица ги изречат со законот пропишаните санкции, со цел навремено и квалитетно да ги извршува дејностите за кои е основан и најитно да се обезбеди вода за наводнување во Дебрца“ се вели во соопштението на СДСМ Дебрца.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје