СДСМ: Дебаклот на протестите на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека граѓаните се против блокади

Од:

„Очајното и безидејно ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски доживеа нов дебакл со вчерашните протести на кои имаше повеќе автомобили отколку луѓе.

Граѓаните повторно испратија силна порака до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, народот е против блокади!“, вели СДСМ.

„Наместо во чувствителни моменти за државата да и помогнат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одмагаат и саботираат.

Мицкоски нема чувство за националните интереси и се обидува да ги саботира напорите да добиеме Меѓувладина конференција и премостување на блокадата во ЕУ.

Се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира.

Затоа редат порази од граѓаните затоа уште долго ќе останат во опозиција, затоа што граѓаните се за напредок, просперитет и развој, а тоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да го понудат“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците