СДСМ: Данска го ратификува Протоколот за членство во НАТО, одиме напред

Од:

„Парламентот на Данска без ниту еден глас против го ратификува протоколот за полноправно членство на Република Северма Македонија во НАТО.

По Грција, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Романија и Литванија, Данска е деветта земја членка која даде зелено светло за влез на нашата земја во НАТО.

Се остваруваат врвните национални интереси, по деценија уназадување, Република Северна Македонија тргна напред, станува 30 та земја членка на НАТО Алијансата.

Тешките одлуки кои што се донесоа се влог во иднината. Влезот во НАТО не значи само безбедност и стабилност, туку со себе носи и напредок, силна економија, подобар живот за сите и отворени перспективи за младите.

Како напредуваме во интеграциите, како се ближиме до членство во НАТО и ЕУ, така се повеќе бенифиции ќе добиваат граѓаните и државата.

Затоа, не смееме сега да застанеме, Република Северна Македонија мора да продолжи напред, силна и обединета околу вистинскиот пат, патот на интеграциите, развојот и напредокот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната