СДСМ: Дали Тодоров отишол да закаже преглед преку Мој термин?

Од:

Дали Тодоров отишол да закаже преглед преку Мој термин? Дали чекал по ходниците?Дали ги видел изморените лица на болните пред вратите? Дали ги видел испотените лица на лекарите и медицинскиот персонал, притиснати меѓу лошите услови за работа, обемната административна процедура и својата етичка должност?

Со такви прашања се огласи СДСМ, реагирајќи на реакцијата на Министерството за здравство на прес конференцијата на Гоце Чакаровски од СДСМ.

„Министерот Никола Тодоров не се грижи низ што поминуваме ние граѓаните во земјава, во лавиринтот Мој термин. Затоа Тодоров го оправдува владиниот неуспешен концепт Мој термин со наводни пофалби од странство. Ако само на едно од овие прашања одговорот беше „Да“, Никола Тодоров денеска немаше да прати реакција, туку извинување до нас граѓаните и до вработените во здравството“, порачува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски