СДСМ: Дали Тодоров го пишувал интервјуто од песочните плажи во Грција?

Од:

Нарачаните интервјуа коишто додека Тодоров ужива на плажите во Грција ги објавуваат медиумските курири не може да ја покријат реалноста за хаосот во здравствениот систем во Македонија. Во таа реалност никој не сака да легне во руинираните болници, никој не сака болен да го чека својот термин за преглед, никој не сака сам да си ги купува лековите, потребните материјали за операција, да шета од клиника на клиника не знаејќи зошто, велат од СДСМ.

„Дури и во нарачаните интервјуа сам си призна Никола Тодоров, власта на Никола Груевски во здравството реализира тендер политики какви што немало во историјата на здравствениот систем во Македонија.

Само еден таков е тендерот на Тородов и Груевски познат како Ивонче – милионче, којшто ги разобличи корупциските интереси на власта на сметка на здравјето на граѓаните.

Дека апаратурите на Тодоров и Груевски во здравството не се за здравјето на граѓаните туку за милиони евра во џебовите на фамилијата упатува и Ревизорскиотизвештај за набавка на здравствена опрема.

Во тој извештај е констатирано дека донесените апарати не секогаш се со технички карактеристики какви што биле нарачани, се доцни со нивна инсталација, не се водело сметка за просторните можности каде би се инсталирале па стојат во кутии додека им истекуваат роковите за рекламација.

Не се вложува во обука на соодветен персонал што ќе ракува со апаратите. Министерството за здравство доцни со плаќањата, со што за здравствени апарати кои не им користат граѓаните уште плаќаат затезни камати во илјадници до стотици илјади евра.

Ова се некои од причините зошто Независниот истражувачки центар Нумбео за 2015 година ја рангираше Македонија на последното место во Европа според индексот на здравствени услуги.

Поради политиките на негрижа и самољубие на Тодоров и Груевски умре малата Тамара.

Поради таквите политики, во Македонија умираат 14 бебиња на 1.000 живородени,или три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!

Нема лекови, нема инсулин, ги нема ветените клинички болници, жителите од селата патуваат со километри до амбуланта.

Има само жртви од тендер политиките на Тодоров и Груевски, а тоа се граѓаните.

Затоа многу брзо ќе има и одговорност за сите злоупотреби направени врз граѓаните.

Ниту едно нарачано интервју не може да го спречи тоа, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски