СДСМ го повикува Никола Тодоров да објасни дали на Клиниката за очни болести се случил скандал од огромни размери и дали и како е тој поврзан со него, прашуваат од СДСМ.
„Дали компликациите на пациетите со оперирани очи се поради употреба на несоодветен препрарат за време на операција?
Кој го донел препаратот на Клиниката за очни болести и наложил негова употреба?
Колкумина пациенти се во ризик од компликации и дали и како тие компликации ќе се одразат врз видот на пациентите?
Последната информација од болнички извори е дека бројката на пациенти со компликации после операција се искачил над 25-мина!
Тодоров не смее да молчи бидејки во прашање е здравје на граѓани.
За сите последици врз здравјето на граѓаните ќе одговараат Никола Тодоров и неговите соработници“, стои во соопштението на СДСМ.