СДСМ: Дали по излечената „душевна болка“ на Груевски со 50.000 евра, сега е успокоен и неговиот адвокат?

Од:

СДСМ прашува, дали откако се излечи „душевната болка“ на Никола Груевски со 50.000 евра, сега е успокоен и неговиот адвокат?

Адвокатот Никола Додевски, велат, ќе биде ангажиран од државната компанија ЕЛЕМ, а за тоа, според договорот објавен на страницата на Бирото за јавни набавки, за едногодишната услуга, ЕЛЕМ ќе му плати над 46.000 евра.

„Случајно или не, ова е слична сума за адвокатот, со 50-те илјади евра што ги доби Груевски.Интересно е што услов за склучување на договорот со ЕЛЕМ била најниска цена, имало 5 понуди, но за постапката не била предвидена електронска аукција, туку зделката е договорена токму со адвокатот на Никола Груевски.Сега е уште појасно колку всушност била “тешка болката“ на Груевски, за случајот Македонска банка, што го објави претседателот на СДСМ и тоа го чинеше 50.000 евра.Поврзаноста на државните инстутуции, премиер, суд, државни компании, потврдува дека во Македонија нема држава и дека се е партија“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?