СДСМ: Дали изборните манипулации Бонева ги смета за препорака за член на ДИК?

Од:

„Соработничката на Никола Груевски за изборните манипулации во Струмица, Силвана Бонева, смета дека нема ништо спорно за да не биде член на Државната изборна комисија.

Преку проектот Вистината за Македонија граѓаните дознаа за рекетот врз фирмите, заканите за бизнисмените во текот на изборната кампања, изработката на лажните лични карти и малверзациите во Струмица коишто Силвана Бонева лично му ги призна на Никола Груевски.

Граѓаните слушнаа, Бонева и Никола Груевски за време на избори разговараат дека нема фирма во Струмица која не е рекетирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Славе Гошев.

Дали изборните манипулации Силвана Бонева ги смета за препорака за член на ДИК?

Пред една година СДСМ обелодени дека Силвана Бонева бесрамно сокрила од Антикорупциската комисија два стана во центарот на Скопје од над 400 илјади евра, сопствесност на нејзините два сина.

Дали криењето имот можеби Бонева го смета за препорака за член на ДИК?

Дополнителен скандал се отвори откако беше објавено дека на истата Силвана Бонева која живее во Струмица и крие два стана во Скопје, за 2013 и 2014 година и биле исплатени дури 23 илјади евра за патни трошоци.

Додека дел граѓаните едвај преживуваат со 40 денари на ден, на Бонева и се исплаќаа илјадници евра за патни трошоци од Струмица до Скопје.

Дали можеби набивањето на патни трошоци на грбот на граѓаните Бонева го смета за препорака за член на ДИК?

После серија на скандали поврзани со изборни манипулации Силвана Бонева не треба да биде член на ДИК“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски