СДСМ: Дали и Муцунски како и неговите сопартијци е фатен со рацете во мед при обезбедување на тендер за храна во училиштата во Аеродром?

Од:

„По нашите јавни обвинувања дека учениците во училиштата на Општина Аеродром останаа без топол оброк и ужинка, градоначалникот Муцунски и директорите на училиштата кои тој ги именуваше, во паника да изнајдат поскоро решение на проблемот, дали можеби се заплеткаа во можни сомнителни тендерски постапки?“, прашува СДСМ.

„Имаме неколку прашања кои бараат одговор околу склучените договори за набавка на храна.

Очигледна е недоволната транспарентност во потпишувањето на договорите и спроведувањето на тендерските постапки, односно можните договори во четири очи.

Во име на транспарентноста ги повикуваме директорите на училиштата во Општина Аеродром и градоначалникот Муцунски да ги објават потпишаните договори и спроведените тендери за набавка на топол оброк и ужина во основните училишта.

Муцунски има обврска да одговори, дали постапката е водена според сите регуларности и пропишани законски обвски? Според кои цени и согласно која јавна постапка, родотелите ја плаќаат месечната сума за храна? Тоа треба да одговорат Муцунски и директорите кои тој ги именуваше!

Дали и тука некој е фатен со рацете во медот? Јавноста очекува одговори на поставените прашања и отворените сомнежи?“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски