СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

Од:

„Директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ и човек поставен од министерот Цветан Трипуновски е фатен во скандал со мито. Ова е уште една потврда дека корупцијата во земјоделието цвета, дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството била дувлно на злоупотреби на парите за земјоделците од ИПАРД програмите. Повеќе од година и пол низ земјоделските кругови се зборува дека се бараат провизии, се задржуваат предмети во фиоки, дека се вршат притисоци врз службеници кои одбиваат да бидат дел од тој механизам“ рече денеска на прес-конференција Александар Димитриевски, од Комисија за земјоделство во СДСМ.

Тој прашува „Сега тоа доби и конкретна потврда, директорот од ДПМНЕ е фатен со рацете во криминал. Прашањето е дали и министерот Трипуновски е замешен во оваа корупциска шема? Ќе поднесе ли оставка или ќе гледаме уште една фарса без одговорност? Уште колку други случаи на земање мито и злоупотреби се прикриени во Агенцијата и Министерството?“.

„Овој корупциски скандал е директна закана ИПАРД програмата целосно да биде суспендирана од ЕУ. Доколку продолжи оваа состојба, ќе се блокираат милиони евра кои треба да завршат кај македонските земјоделци. Затоа мора да им целосна одговорност од првиот до последниот. Со години се градеше транспарентен и ефикасен систем што им помагаше на земјоделците да ги искористат европските пари преку ИПАРД програмата. Македонија беше првa во регионот по искористеност на ИПАРД, вистински пример за успешна европска приказна“ рече Димитриевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање