СДСМ: Дали Груевски со Ахмети има договор за менување на името?

Од:

„СДСМ му порачува на Никола Груевски наместо да се грижи за Социјалдемократскиот сојуз, сериозно да се сврти кон проблемите што тој ги создаде во државата и за неговата партија.

Јавноста со внимание очекува да види колку и какви максималистички барања на ДУИ ќе прифати Никола Груевски во формирањето на новата Влада и како ќе ги одбрани македонските национални интереси.

Јавноста очекува да види дали Груевски со Ахмети има договор за менување на името“, се вели во писмената реакција на СДСМ на пишувањата на Курир и други медиуми.

„Oстанува да се види, со каков легитмитет Никола Груевски ќе направи Влада. Над Груевски виси кривична пријава за документиран криминал поради примање милионски поткуп, а во скандалите со кеш се вмешани и други негови соработници, кои досега извршуваат високи владини функции.

Ова се само неколку крупни прашања што го мачат Никола Груевски, поради што тој малтретира и наводни експерти и таканаречени медиуми да се занимаваат со анализи за Социјалдемократскиот сојуз.

За жал на Никола Груевски и на неговите поддржувачи и помагачи, СДСМ е поцврст од кога било во определбата, волјата на граѓаните да биде спроведена на фер и демократски избори и тоа ќе се случи, сакале тие или не“, се вели во писмената реакција на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски