СДСМ: Дали дезертерот Ковачки бил и шпион против државата?

Од:

„Драган Ковачки кој беше полковник во Армијата, дезертираше за политички да му служи на Христијан Мицкоски. Денес истиот тој Ковачки излегува во јавноста и во име на Мицкоски шири лаги и невистина во обид да направи дефокус од сомнителниот тендер од 136 милиони евра и кавгите за него во ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

„За каков човек станува збор доволно кажува фактот што Ковачки додека бил дел од Армијата бил казнет поради закани упатени кон началникот на Генералштабот на Армијата.

„Долга е раката на ВМРО“ се заканувал дезертерот Ковачки, а при тоа навредувал и клеветел.

Дали освен закани, навреди и клевети кон претпоставените, Ковачки оддавал и воени и тајни и бил шпион против државата, тоа треба да го одговори самиот Ковачки.

Ете со какви луѓе е опкружен Мицкоски, со дезертери, со лица кои се закануваат и шират невистини“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски