СДСМ: Дали Анкетниот лист на Јанкулоска ја замолча „чесната“ министерка?

Од:

Дали Анкетниот лист на Гордана Јанкулоска, јавно објавен на страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата ја замолча „чесната“министерка? Бидејќи таа самата најави дека ќе ги запознае медиумите, или барем дел од нив, а во текот на вчерашниот ден тоа не се случи, велат од СДСМ.

Каде е запишан кредитот од Шпаркасе банка за коjшто таа тврди дека го подигнала за становите вредни 200 илјади евра? Анкетниот листпокажува дека Јанкулоска во Шпаркасе банка има девизи, а не кредит.

Во прилог, за споредба, ви го доставуваме Анкетниот лист на Јанкулоска од 2006г. кога седнала во фотељата во МВР. Тогаш пријавила дека има само стан од 50 метри квадртатни! Во 2006-та Јанкулоска имала и кредит од 25 илјади евра и заштеди од 10 илјади евра.

Но по 5 години, според новиот Анкетен лист, Јанкулоска освен што се стекнала со два стана вредни 200 илјади евра, ги намалила кредитите за 11 илјади евра, а ги зголемила заштедите во девизи и денари за дури 15 илјади евра.

СДСМ инсистира министерката Јанкулоска, да и ја открие на јавноста тајната на експресното богатење со административна плата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби