СДСМ: Да се повлечат сите фалични учебници од образовниот процес

Од:

„Изминаа две години од пуштањето во употреба на учебниците преполни со грешки, а Владата не презеде ништо за да ги санира последиците од еден од најголемите скандали во македонското образование. Во тек е првото полугодие од уште една учебна година, но за Министерството за образование не е проблем годината да заврши со истите фалични учебници. Да се потсетиме: пред две години наставниците и професорите имаа забелешки дека речиси сите учебници од прво до осмо одделение се преполни со грешки“, рече  Зоран Поповски, Претседател на Советот за образование и наука на СДСМ, кој во продолжение додава:

Од министерот беа ангажирани супер-ревизори, кои наводно требаше да дадат независни рецензии во рок од еден месец, но нивните рецензии министерот Тодоров до ден денешен (две години и два месеци подоцна) ги нема објавено. Истражувањата покажаа дека се работи за избор на партиски, нестручни и несоодветни кадри, па дури и недипломирани наставници, за членови во Државната комисија за учебници, за избор на несоодветни рецензенти кои немаат оформено високо образование. Се пронајдоа огромен број грешки, не само печатни, туку и концептуални, грешки во терминологијата и граматиката, па се до погрешни дефиниции, податоци и невистинити факти.

И покрај негодувањето и критиките на стручната јавност поради недозволивите пропусти, како што беше на пример вметнувањето на имиња од естрадата меѓу заслужните културно/историски дејци, тенденциозните податоци за Албанците, националистички инсинуации, дискриминаторски алузии и промашените лекции, никој не презеде одговорност за ова. Очигледно, партиските и бизнис интересите во учебникарството на владеачката партија и биле поважни од образованието.

Две години подоцна, единствената промена што се случи е седнувањето на сестраниот Тодоров на друга министерска фотелја. За жал, ниту наследникот во Министерството за образование, г-нот Панче Кралев, не ги презема неопходните чекори за расчистување на ХАОСОТ во учебникарството кој го заокружи директорката на Бирото за развој на образованието со минатонеделната изјава. Цитирам: „Сите учебници се со слаб квалитет и ние немаме кадар кој може да напише квалитетен учебник. Затоа сме принудени да одиме кон преведување на учебници“. Тоа во суштина значи продолжување на скапата пракса за неквалитетни преводи на учебници и постојано потценување на сопствените граѓани.

Заради сево ова:

1. Советот за образование и наука при СДСМ БАРА од Министерот за образование да се повлечат овие учебници од употреба и ДА СЕ ПРЕКИНЕ со штетата што овие учебници ја направија на генерациите што ги користат истите.

2. Освен тоа, Советот за образование и наука БАРА од Министерството за образование ДА ПРЕСТАНАТ ПРИТИСОЦИТЕ врз наставниот кадар, учениците и родителите и ЗАПЛАШУВАЊЕТО со екстерното тестирање што директно влијае на квалитетот на образовниот процес.

3. И конечно, Советот БАРА ДА СЕ ПРЕКИНЕ со импровизациите во образованието и да им се помогне на наставниците да го подобрат квалитетот на наставниот процес.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска