СДСМ: Да се почитуваат законите и меѓународните конвенции за човекови права за новинарот Божиновски!

Од:

Македонија е земја на затворани и репресирани новинари и на неслободни медиуми. Власта на мафијашки начин се пресметува со сите свои неистомисленици, а новинарите се особено на удар поради природата на нивната професија. Извештаите на сите релевантни меѓународни организации, вклучително и на Репортери без граници и на Фридом хаус, потврдуваат дека Македонија е неслободна земја, посочуваат од СДСМ.

Случајот со новинарот Зоран Божиновски, кој се држи во притвор, уште еднаш ги потврдува овие констатации. Го повикуваме режимот во заминување на Никола Груевски да престане да ги злоупотребува државните институции и инсталациите од тефтерот на Јанкулоска во судството за да се пресметува со сите што не мислат како него и што не одработуваат за неговата мафијашка власт.

Исто така, апелираме да се почитуваат сите законски процедури и меѓународни конвенции поврзани со човековите права во врска со Зоран Божиновски, особено што станува збор за новинар, бараат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?