СДСМ: Да се охрабри проевропското крило во ВМРО-ДПМНЕ кое не се согласува со Мицкоски

Од:

Ќе ја искористам можноста на денешнава прес-конференција да апелирам во мое лично име, во името на проевропските сили во државатада се охрабри она проевропско крило во опозицијата особено во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи имаме на една страна крило во партијата кое е тег што ја влече партијата надолу, а за среќа на вистината и за среќа на државата имаме и проевропско крило коешто на реална основа се спротивставува на политиките на Христијан Мицкоски рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Мартин Костовски.

-Токму упатувам апел до тие слободоумни, проевропски настроени луѓе да дадат несебична поддршка во периодот што предстои пред нас. Ова е историски период, период којшто од 1991 па навака сите политички партии, сите политичари го имаат ветувано и сега дојде време на нашата генерација да покажеме дека Република Северна Македонија единствено мора да стане дел од ЕУ вели Костовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?