СДСМ: Да престанат злоупотребите на учениците, ќе има одговорност!

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ веднаш да ги тргне рацете од учениците. Притисоците и злоупотребите на ученици за учество на протести со националистичка реторика на кои се шири етничка омраза, се кривично дело и за нив ќе има одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ да престане да прави притисоци врз наставниците и директорите.

Наставниците и директорите на училишта да соберат храброст и да се спротивстават на нарачките од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кое единствено се грижи за сопствен спас од одговорност за сторените милионски криминали и злоупотреби.

Доаѓа време на суштински промени во образованието во Република Македонија. Новата реформска Влада ќе го врати достоинството на образовните институции кои ќе бидат првото место каде што треба да се градат вредностите на едно заедничко општество. Ќе се развива интегриран систем на образование кој ќе влијае врз зголемување на економскиот раст и продуктивноста на трудот и ќе ги зголемува шансите на младите за квалитетни работни места.

Затоа неопходно е Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, зад кого стои мнозинство од 700 илјади граѓани преточени преку 67 пратенички потписи“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски