СДСМ: Да прекинат неразумните блокади и да се испочитува мнозинската волја

Од:

СДСМ денеска во соопштение наведува дека „парламентарното мнозинство ќе одговори на својата должност и ќе ги заштити граѓаните и државата и оти ќе има одговорност за евентуално попречување на мнозинската волја“.

– Неразумната блокада на Собранието што ја спроведуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, Ѓорге Иванов, ја блокира целата држава и остава простор да се реализираат сценаријата на етнички провокации од страна на Никола Груевски, се вели во соопштението од СДСМ и се истакнува дека институциите и вработените имаат должност да застанат во одбрана на демократските процеси, Уставот и законите.

СДСМ неведува и дека е недозволиво во парламентарна демократија, чисто изразена волја на 700.000 граѓани за промени, на кредибилни избори, декларирана преку 67 пратеници во Парламентот, да биде, како што истакнуваат, „спречувана со насилие“. ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението, дури и од опозиција има одговорност да не им штети на државните и на граѓанските интереси.

– Граѓански интерес е земјоделците да си ги добијат заостанатите субвенции што им ги попречи досегашната власт во заминување. Да добијат обештетување за штетите од временските непогоди. Вработените во општините, училиштата, градинките, културните установи, другите општински установи да не останат без плата, времено ангажираните без надоместоци. Тоа ќе се случи за три недели доколку продолжи блокадата на Парламентот, бидејки на 15 мај ќе престанат надлежностите на градоначалниците и советите, а нови локални избори не може да се распишат без нов претседател на Собранието, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата