СДСМ: Да не беа антикризните мерки граѓаните ќе плаќаа 1.500 денари повеќе за храна и 2.150 денари за струја

Од:

Со пакетот од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра им помагаме на граѓаните и компаниите да ги надминат последиците од кризите. 330.000 пензионери и околу 36.000 домаќинства приматели на минимална помош три месеци ќе добиваат по дополнителни 1.000 денари месечно за купување прехранбени производи, плаќање сметки или нешто друго велат од СДСМ во соопштение.

– ДДВ то го намаливме од пет на нула отсто на основните производи. Да не беше тоа намалување, граѓаните во просек секој месец ќе плаќаа по 1.500 денари повеќе. Доколку не се намалеше и ДДВ то и акцизата за горивата, секој граѓанин ќе плаќаше 300 денари повеќе. Ако не обезбедевме субвенционирање на производството за струја и на цената на струјата која ја субвенционираме 80 отсто, сметките за струја за секое семејство ќе беа повисоки за 2.150 денари месечно се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?