СДСМ: Црното време заврши со заминувањето на ВМРО=ДПМНЕ од власт

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО=ДПМНЕ.

„11 години ВМРО-ДПМНЕ ја партизираше полицијата и ја злоупотребуваше во партиски цели, додека криминалот цветаше по улиците и институциите.

Црното време заврши со заминувањето на ВМРО=ДПМНЕ од власт. Нема повеќе МВРО–ВМРО, нема партизација на институциите и полицијата, нема сокривање на убиства и селективност пред законот.

Неспособното антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да шири неоснована паника меѓу граѓаните.

Денес, институциите работат професионално, а полицијата е партнер и заштитник на граѓаните и нивните права.

Стапката на криминал се намалува, надлежните институции постапуваат по секое прекршување на законите, граѓаните се чувствуваат сигурни и безбедни. Тоа го потврдуваат и испитувањата на јавното мислење, а според истражувањата на ОБСЕ, 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедни.

Министерството за внатрешни работи продолжува да работи професионално, ефикасно и независно во служба на законите и интересите на граѓаните“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни