СДСМ: Чулев ги игнорира бројните прекршувања на забраната за движење, тој е директна опаснот по јавното здравје

Од:

Целата јавност преку медиумите можеше да види како низ многу општини воопшто не се почитува забраната за движење а полицијата тоа го игнорира и воопшто не постапува. Сарај, Чаир, Даме Груев, Тетово се само дел од општините и населбите каде масовно се прекршува полицискиот час додека полицијата на Чулев не презема ништо, се вели во соопштението на СДСМ.

Според партијата, ваквото непостапување и игноратски однос на Чулев е доказ за целото негово лицемерие и е опасност по јавното здравје.

„Уште еднаш се докажа дека Чулев е најнеспособниот министер за внатрешни работи. Нему му е поважно да ги брани прекршувањата сторени од неговиот шеф Христијан Мицкоски отколку да воспостави ред во почитувањето на мерките и задолженијата.  Таквиот несериозен и незрел однос е закана по здравјето и сигурноста и најмлаку што може тој да стори е да поднесе оставка веднаш“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?