СДСМ: Членството во ЕУ и НАТО е врвен државен интерес, ВМРО ДПМНЕ да ги поддржи интеграциските процеси

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години за да ги придвижи интеграциските процеси и да работи на полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Но спротивно од тоа, ВМРО-ДПМНЕ со години работеше на изолација на Македонија и спротивно на државните и интересите на граѓаните, ги кочеше евро-атланстките интеграции.

Членството во ЕУ и НАТО е клучен стратешки приоритет на Република Македонија. Владата предводена од СДСМ има за цел да ги отпочне преговорите за членство што е можно побрзо. Македонија предолго е земја кандидат за членство во НАТО и ЕУ и крајно време е овој процес да се придвижи нанапред.

Владата предводена од СДСМ посветено ќе работи на отворање на евро-атлантските перспективи преку отворен дијалог со опозицијата, стручната јавност и граѓанското општество. Затоа, неопходно е сите, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ, да се однесуваат конструктивно, да дадат поддршка на интегративните политики и активно да работат за целосна интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, што е врвен државен и граѓански интерес“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?