СДСМ: Членовите на ДИК од ВМРО ДПМНЕ да не ги опструираат активностите за прочистување на Избирачкиот список

Од:

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ е навистина заинтересирана за прочистување на Избирачкиот список, тоа може да го направи многу едноставно. Нека им даде задолжение на членовите на ДИК од нивните редови, да не ги опструираат и да ги поддржат сите активности на ДИК за прочистување на Избирачкиот список.

Дополнително, укажуваме дека за Избирачкиот список вистинската адреса е МВР коешто го подготвува списокот и го праќа до ДИК. Токму МВР на криминален начин запиша фантомски гласачи, со цел ВМРО-ДПМНЕ да манипулира со изборите.

Што се однесува до измените во изборното законoдавство, што ВМРО-ДПМНЕ и Груевски го премолчуваат, тие веднаш можат, преку министерството за правда да ги предложат измените што се препорака од ОБСЕ и ОДИХР. Примената на препораките на ОБСЕ и ОДИХР за измени во Изборниот законик, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ веќе со години ја избегнуваат. Немањето волја за нивна имплементација од страна на Груевски, фрла сенка врз неговите искрени намери за фер и демократски избори“, се вели во писмената реакција на СДСМ на изјавата на премиерот Никола Груевски во врска со Избирачкиот список.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември