СДСМ: Честитки до граѓаните и македонскиот народ за враќањето на МПЦ-ОА во канонско единство

Од:

„Вчерашниот ден беше важен, историски ден за македонскиот православен народ. Охридската Архиепископија сослужуваше заедно со Вселенската патријаршија и со тоа се исправи една голема историска неправда,а со литургијата која се служеше на македонски јазик е уште една потврда за нашата македонска посебност и македонскиот идентитет“, соопшти СДСМ.

„Охридската архиепископија секогаш била рамо до рамо со Вселенската патријаршија и православниот свет и важно е ова сослужување и примањето во канонско единство на македонската црква да биде крунисано и со издавање на томос од страна на Вселенската патријаршија.

Им честитаме на граѓаните и македонскиот народ за враќањето на МПЦ-ОА во канонско единство, сите сме горди на овие успеси.

Упатуваме и благодарност до Вселенската патријаршија која му одаде чест на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, на литургијата да го прочита Симболот на верата во име на неговиот, македонски народ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО