СДСМ: Чавков напразно се рашетал, нема веќе МВРО ни на избори ни по нив

Од:

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков се рашета на показни вежби и најде да зборува за реформи сега пред заминување, иако имаше години зад себе кога можеше и да вежба и да извежба како се работи професионално и да спроведе професионални реформи, ако сакал.

10 години полицијата работи без соодветни униформи и чевли.

Слушнавме од Јанкулоска на какви кревети со федери спиеле полицајците и со какви парталави ќебиња од времето на СФРЈ се покривале.

Слушнавме и за стотици и стотици партиски вработувања и криминални структури во МВР вмешани во огромни криминално – корупциски и други скандали.

Сето тоа Чавков имаше можност да го смени, но не го смени туку го унапреди.

Функционерите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како Чавков, кои ја доведоа Македонија до ова дереџе, со узурпирани и непрофесионални институции и разрушен државен систем, ниту можат, ниту имаат право да го изговорат зборот реформи.

Јасна беше тенденцијата со ограничувањата на ингеренциите на министерот за внатрешни работи, што ја спроведе Груевски преку Чавков, којашто го покажа стравот на власта од регуларни избори.

Но нема веќе МВРО ни на избори, ни по нив.

Во Македонија ќе има фер и регуларни избори и тоа ќе отвори пат за сите реални реформи во Република Македонија што ќе придонесат кон обнова на државата и враќање на довербата на граѓаните во институциите на системот, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Признанието на Јаневска дека учебници ќе се обезбедувале преку донации е скандалозно, да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот