СДСМ: Централизираните набавки ќе овозможат заштеди

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Преку лошите и погубни полиитки кои имаа за цел единствено остварување на нечии криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави уништен здравствен систем, потценет медицински персонал и погазени права на пациетните, а здравството во Македонија беше едно од најсмртоносните во Европа.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, којашто набавуваше лабораториска опрема која заради несоодветноста се уште не е во употреба и чија цена е далеку од вистинската пазарна вредност, Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство со ваквиот начин на набавка имаат намера да овозможат штеди и истовремено да се подобри квалитетот на здравствените услуги.

Централизираната набавка ќе овозмжи рационализација, избегнување на двојните анализи и воведување електронски систем во лабораториите. Како резултат на ова, набавките ќе бидат по мерка, а ќе се искористат и ефектите од економии од обем. На тој начин и јавноста ќе биде информирана како се трошат парите на граѓаните. Сите заштеди ќе бидат инвестирани во платите на здравствените работници и во нови иновативни лекови.

Од друга страна, идивидуалното носење одлуки на дел од поранешните директори во јавните здравствени установи кулминираше со кривични пријави за начинот на набавка на медицинска опрема и затоа, лицемерно е ВМРО- ДПМНЕ да зборува за криминал. Меѓу другото, голема е веројатноста позади денешата прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ да стојат приватни лаборатории кои како блиски до тогашната власт функционирале врз принципот на монопол.

Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство работат одговорно, транспарентно и посветено во процесот на градење на квалитетен и ефикасен здравствен систем којшто овозможува квалитетни здравствени услуги за сите граѓани“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници