СДСМ: Цените на храната стабилни, на горивото се намалуваат

Од:

Приоритет на Владата предводена од СДСМ во време на најголемата глобална криза е заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на стопанството. Антикризниот пакет од 26 мерки веќе дава видливи резултати велат од СДСМ во соопштение.

– Со укинување на ДДВ, цените на основните производи остануваат стабилни. ДДВ од 0% има за леб, брашно тип-400, млеко со масленост од 2%, од 3,2 и 3,5%, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца.Благодарение на намалувањето на ДДВ и на акцизата, нашите граѓани точат нафтени деривати по најниски цени во регионот. Дополнително се намалени цените на бензините за два денари по литар, а цената на дизелот е намалена за три денари. СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики кои го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат економска стабилност ве вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?