СДСМ: Целосна лага се тврдењата дека Зоран Заев финансира некој медиум

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во целост ги демантира наводите во текстот на „Република“ превземен и од останатите владини медиуми.

Целосна лага се тврдењата дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, финансира некој медиум. Ниту претседателот на СДСМ ниту пак некој од раководството на партијата финансира некој медиум во Република Македонија.

Измислица се и тврдењата дека причина за згаснувањето на споменатиот медиум е некакво повлекување на средства од страна на претседателот Заев.

Впрочем, СДСМ, со писмена реакција ги демантираше овие шпекулации уште на 19-ти октомври оваа година.

Спроведувањето на нарачките на власта, преку измислени конструкции во владините медиуми, само ја потврдува владината контрола за која сериозно забележува и Европската комисија.

Поврзувањето на претседателот на СДСМ со финансирање или згаснување на некој медиум е целосна невистина која му нанесува штета на угледот и честа на претседателот Зоран Заев.

Врз основа на погоре наведеното, согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, од „Република“ како и од останатите медиуми што го пренесоа спорниот текст, бараме извинување и јавно повлекување на објавените невистини.

Во смисла на став 2 и 3 од истиот член очекуваме јавно повлекување и извинување да биде објавено на исто место и во ист обем како и спорниот текст, најдоцна во рок од 48 часа.

Во спротивно ќе следува законска постапка“, се вели во демантот на СДСМ на текст во „Република”.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски