СДСМ: Цела јавност го осуди насилството над Арсовска, само Мицкоски ги поддржува насилниците

Од:

„Целата јавност го осуди инцидентот во кој беше извршено насилство врз градоначалничката на Скопје, само Мицкоски го одобрува. Како и во сите досегашни ситуации кога се соочува со критика, Мицкоски ја обвинува СДСМ и креира нови поделби“ реагираат од СДСМ.

Од партијата велат „Мицкоски со тоа признава дека го одобрува насилството, а можеби и стои директно зад насилниците. Мицкоски е познат по заканите и тоа не би било воопшто чудно. ВМРО-ДПМНЕ јасно порача: секој кој ќе се дрзне да го открие криминалот на оваа Влада ќе се соочи со закана и заплашување. Се враќа ВМРО-МВРО на голема врата, но Мицкоски треба да знае дека таков систем граѓаните еднаш поразија и ќе го поразат повторно. Нема место за нов режим во нашето општество“.

„Мицкоски секојдневно го покажува своето авторитарно лице, нешто на кое СДСМ со месеци предупредува. ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога ќе се соочи со критика или со откривање на криминал прибегнува кон репресија, тепање и закани. СДСМ нема да молчи кога се во прашање слободата, безбедноста и злоупотребите. Никој не смее да живее во страв и никој не смее да се плаши да пријави криминал на власта“ се вели во партискиот став.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните