СДСМ: Цел свет виде што се случи на „Црниот понеделник“ само Обвинителството не!

Од:

„Дрскоста и забеганоста на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не познава граници.

Наместо да се засрамат од одлуката на Јавното обвинителство на Република Македонија, кое донесе решение и оцени дека нема причина да се уважи кривичната пријава која беше поднесена против спикерот на парламентот Трајко Велјаноски, тие и понатаму се обидуваат да ја искриват реалноста.

Цела Македонија и меѓународната јавност видоа што се случи на 24 декември, денот кога падна маската на режимот и кога брутално беа погазени Уставот, законите и Деловникот на Собранието на РМ.

За „Црниот понеделник“, кога насилно беа исфрлени новинарите и пратениците на опозицијата, директно се одговорни Никола Груевски и неговите извршители: Трајко Велјаноски, Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски.

Тоа што се случи на „Црниот понеделник“ не беше доволен факт за Обвинителството и тие одлучија да бидат слепи при очи. Цел свет виде што се случи, само тие не. Обвинителството докажа дека тие се ставени во партиски цели.

Сега ни е појасен фактот кога новиот јавен Обвинител, одлучи своето прво појавување во јавност да го направи во друштво на шефот на УБК и со омилениот коалиционен партнер на Никола Груевски, Амди Бајрам.

Колку и да бегате од реалноста, на 24 март ќе мора да се соочите со казната на народот. Потоа ќе следи и друг вид на казна за сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои заради газење на Уставот и законите, ќе одговараат пред правдата“, пишува во писмената реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за изјавата на Радмила Шекеринска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите