СДСМ: Божиновска да поднесе оставка, премногу скандали и лаги и сервираше на јавноста

Од:

Министерката за енергетика, Сања Божиновска ја излажа јавноста. Таа со недели тврдеше дека се откажала од бугарското државјанство и пасош, за јавноста да дознае од бугарските медиуми дека не само што не е откажана, туку и целото нејзино семејство поседува бугарско државјанство вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Во Македонија е законски да се има повеќе државјанства и се отвара голема дилема, зошто Божиновска лажеше и криеше за ова. Министерке Божиновска, двојното државјанство не е спротивно на закон, но криењето и лажењето на јавноста од страна на министер е спротивно на сите етички и морални принципи во политиката. Министерката Божиновска покрај овој скандал, се уште не даде одговори за долгот од еден милион евра на компанијата која таа ја водела од Бугарија кон. Мепсо. Не даде одговор дали е етички друга компанија од дејноста на енергетиката која исто така била под нејзино водство да биде обвинета за „картелско здружување“. Последните информации кои се уште не се потврдени, а СДСМ ги проверува се дека најавената инвестиција од кинсека компанија за ветерниот парк во Штип исто така е на сомнителен начин поврзана до Божиновска и нејзините претходни бизнис партнери. Заради сите овие скандали, јавноста нема доверба во министерката и потребно е таа да се даде оставка, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?