СДСМ: Боро Стојчев разрешен од местото претседател на ОО СДСМ Ново Село

Од:

„Законот важи за сите граѓани на Република Македонија и секое негово непочитување подлежи на законски санкции.

Почитувањето на законите и одговорна работа, исклучиво во интерес на граѓаните, се врвни заложби на СДСМ и вредности на партијата кои мора да се почитуваат од сите нејзини функционери.

Во СДСМ нема место за злоупотреби. Оние коишто не ги почитуваат вредностите и постапуваат спротивно од начелата на партијата нема дилеми, не може да бидат носители на функции.

Отуука, ја информираме јавноста дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, согласно статутарните одредби на партијата го разреши Боро Стојчев од функција претседател на општинската организација на СДСМ од Ново Село.

На негово место, за претседател на општинска организација на СДСМ на Ново Село, именуван е Игор Пертемов.

Законот важи за сите подеднакво и секој што го прекршил мора да понесе одговорност“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни