А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Богов имал интерес да присуствува на конференциската врска?!

by А1он23/07/2016 - 12:5151
Share0

„Дали има интерес во присуството на гувернерот Димитар Богов на конференциската врска кога е договорено огромното незаконско задолжување на граѓаните во стотици милиони евра?
Дали можеби аукцијата за избор на изведувач за изградба на милионската барокна зграда на НБРМ го натера Богов да присуствува на конференциската врска во понеделникот кога власта ги задолжи граѓаните 450 милиони евра, плус камати, со еврообврзницата?

Добивај вести на вибер

Богов тврдеше дека издавањето на еврообврзницата е во надлежност на Владата и Министерството за финансии.

Но потоа се најде во друштвото на владините претставици кои преку конференциска врска го договорија милионското задолжување.

А вчера гувернерот Богов повторно неуспешно се обиде да ја префрли одговорноста за задолжувањето на Министерсвото за финансии, бидејки стоеше до министерот за финанскии кога се мачеше да го оправда историското финансиско злосторство.

Вистината околу учеството на Богов во ова финансиско злосторство набргу ќе биде разоткриена.

Сите инволвирани лица во издавањето на незаконската 450 милионска еврообврзница ќе одговараат“, велат во соопштението од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

Горан Наумовски17/09/2025 - 16:49

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски17/09/2025 - 14:5017/09/2025 - 14:56

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски17/09/2025 - 14:0517/09/2025 - 14:10

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски17/09/2025 - 13:1317/09/2025 - 13:43

СДСМ: Признанието на Јаневска дека учебници ќе се обезбедувале преку донации е скандалозно, да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски17/09/2025 - 11:3617/09/2025 - 13:43

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот

Горан Наумовски16/09/2025 - 20:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен