СДСМ: Блокадите на Законот за служба на Армијата и Законот за Клинички центар се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не е поместена од антинародната матрица

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ упорно блокира Закони кои значат подобар живот за сите граѓани, закони кои се во интерес на државата.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски не се откажува од блокадата за Законот со кој државата прв пат по 80 години ќе добие нов, модерен Клинички центар во Ѓорче Петров, Скопје, со што јасно покажува дека работи против здравствениот систем, на директна штета на граѓаните“, велат од СДСМ.

„За целото 11-годишно режимско владеење ги лажеа граѓаните дека ќе изградат нов Клинички центар, а денес кои се создадени сите услови за реализација на овој капитален проект, тие го опструираат и блокираат.

Доказ дека единствената задача на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им е да го блокираат секој закон кој е во интерес на граѓаните е и блокадата на Законот за служба во Армијата.

ВМРО-ДПМНЕ се противи на олеснување на условите за пензионирање, на поголеми отпремнини за припадниците на Армијата со 2.000 амандмани.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се противат војниците да имаат право на избор, се противат војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години возраст, се противат и на дополнителни поволности при пензионирање.

Тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека со ова сакале да го подобрат овој Закон е лага и лицемерие, од причина што поднесувањето на 2.000 амандмани од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за Закон кој има 30тина членови не е никакво подобрување, туку класична блокада на измените и дополнувањата на Законот.

Додека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ работи во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ заради лични и партиски интереси опструира и блокира закони.

Затоа континуирано се поразувани од граѓаните и ги чека нов пораз на изборите наесен“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел