СДСМ: Блокадата на Законот за Клинички центар е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните и македонското здравство

Од:

„По средбата на претседателот Зоран Заев со Христијан Мицкоски пред еден месец беше договорено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да се откажат од блокади на важни закони за граѓаните, вклучително со Законот со кој македонското здравство по 80 години ќе добие нов, модерен Клинички центар.

Еден месец подоцна, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се уште не се откажуваат од блокадите.

Блокадата на најкапиталниот проект во македонското здравство е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ работи директно на штета на граѓаните и државата. Друга причина за вакво деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ насочено кон јавното здравство не постои“, велат СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги лажеше граѓаните дека ќе изградат нов Клинички центар, а од него останаа само лимени тараби во комплексот клиники. Компанијата со која ВМРО-ДПМНЕ потпиша договор за изградба на нов Клинички отиде во стечај по само неколку месеци.

Оваа Влада ќе изгради современ Клинички центар како што заслужуваат нашите граѓани и нашето здравство. Во изградбата на истиот ќе бидат инволвирани најреномирани европски компании „Вамед“ и „Буиг констракшн“. ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја манипулира јавноста, да измислува провизии и непостоечки случаи.

Законот за изградба предвидува независен финансиски ревизор односно со тој закон да се дозволи компаниите „Вамед“ и „Буиг констракшн“ да дадат една понуда за изградба на Клинички.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ добро знаат дека имаат отворена понуда опозицијата да го води проектот, но немаат доблест да гласаат за законот, бидејќи спасот на Мицкоски им е поважен од здравјето на граѓаните. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во континуитет се поразувани, затоа што не можат да се издигнат над личните и партиските интереси.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно стојат на спротивната страна од интересите на граѓаните, затоа ги чекаат нови порази и во Собранието и на изборите“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да раководи со Аеродром, општина која треба да биде средена, урбана и пристојна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шукова од Кисела Вода: Топ 20 проекти за Скопје да стане град за достоинствен и здрав живот

(ВИДЕО) Трајковски: Промени во Кисела Вода, Орце беше администратор на лаги – ништо не направи

Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции

(ВИДЕО) Филипче од Кисела Вода: Мицкоски бил против криминалот, а во партијата седи на столче купено од криминал

Герасимовски: Двосменско работење и поволни цени за престој во градинките како поддршка на младите семејства