СДСМ: Бизнисот на фамилијата поважен од патиштата за граѓаните

Од:

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ одамна не живеат во Македонија. Тие живеат во виртуелен, нереален свет којшто граѓаните можат да го видат во вестите на медиумите под контрола на Груевски.

Кога зборува за виртуелни инвестиции во патната инфраструктура ВМРО-ДПМНЕ и Владо Мисајловски сигурно мислат на 8-те милијарди евра инвестиции, коишто Груевски ги вети а никогаш не се релаизираа.

Во реалноста, за 10 години, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ изградија само 7 километри автопат. Ниту по еден километар годишно.

Ама затоа за 5 години, додека дел од граѓаните едвај преживуваат со по 40 денари на ден, Груевски потроши 630 милиони евра за споменици.

Очигледно, Никола Груевски не гледа во каква состојба се наоѓаат патиштата во Македонија. Човекот со Мајбах очила од 60 илјади долари и мерцедес со кожни седишта од 600 илјади евра, не гледа ништо друго освен парцелите на Водно, провизиите, тендерите за фамилијата.

Доколку Груевски потрошеше само дел од парите што ги потроши на споменици, жални врби, панорамски тркала, барокни фасади, граѓаните одамна ќе се возеа по нормални патишта.

Но, за Груевски изминатите 10 години највежен беше бизнисот на неговата фамилија, на братучедот Мијалков и кумот Ставрески.

Сега што и да прави Груевски џабе е. Граѓаните ја чекаат неговата оставка.

Новите, современи автопатишта ќе ги изгради новата влада на СДСМ.

Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски