СДСМ Битола: До кога функционерите на ДПМНЕ Битола ќе се однесуваат вазалски кон централната власт ?

Од:

Покрај огромните долгови во битолското образование, и долговите на локалната самоуправа на Општина Битола, за кои никој од најодговорните, односно Градоначалникот Талески и ДПМНЕ немаат одговор, денес ќе

СДСМ Битола обелодени  нови информации за долговите и состојбата во локалната самоуправа, институциите и битолсдките функционери.

Оливер Николоски праша ;

Дали и зошто Секретеријатот за внатрешни работи – МВР Битола, му должи на општинското јавно комунално претпријатие Водовод, 329.992 денари за вода ?

– Дали и зошто Општинскиот Затвор, му должи на Јавното комунално претпријатије Водовод, фантастични 1 770 954 денари за вода ?

Ова,, вели,  практично покажува дека нема институција раководена од ДПМНЕ која не тоне во долгови, по најразлични основи .

Затоа праша :

До кога општинскиот комитет на ДПМНЕ од Битола и неговите функционери ќе се однесуваат вазалски кон централната власт ?

Дали доколку, обичен граѓанин должи за неплатени сметки, ќе биде толерирани како функционерите на ДПМНЕ ?

За жал, оваа недомаќинско раководење со институциите на централно и локално ниво, го плаќаат граѓаните на Битола преку повисоките сметки.

„СДСМ, во интерес на граѓаните и во наредниот период ќе продолжи со својата намера да го демаскира ова расипничко работење, вешто прикриено, и да ја делегитимира оваа неодговорна власт која пред граѓаните го изгуби сиот кредибилитет“, рече Николоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните