• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

СДСМ Битола: Зошто нафта од стоковите резерви само за Скопје?

by А1он22/10/2012 - 15:0922/10/2012 - 15:10152
Share0

Со одлука на Владата, на градот Скопје ќе му бидат подарени  2 милиони литри нафта од стоковите резерви во висина од 2 милиони и 300 илјади евра (што ќе ги користи ЈСП за градскиот превоз).

Добивај вести на вибер

Ваква одлука може да се донесе во три случаи:

  • –          При нарушување на енергетската сигурност
  • –          При криза или
  • –          За итни потреби

Дали со ова Владата почна да признава дека Македонија е во голема криза?

Каде се итните потреби за Општина Битола која должи милиони евра за нафта за школите и ученичкиот превоз?

Или можеби овој долг е заборавен?

Зошто Градоначалникот Талески и ДПМНЕ чекаa со години да се натрупуваат вакви долгови?

Дали конечно Градоначалникот Талески и ДПМНЕ ќе дадат отчет каде и за што во овие 8 години потрошија 200 милиони евра – пари собрани од граѓаните, а општината е догуша во долгови?

И зошто токму пред избори Владата покажува душегрижништво за финансиските кризи во општините?

Најточни одговори на овие прашања почитувани сограѓани ќе  добиете во март, кога СДСМ ќе ги освои локалните избори, бидејќи еден од  нашите приоритети ќе биде ревизија на работата на Владимир Талески и ДПМНЕ.

Талески доколку има доблест и  искрено ја сака Битола, веднаш да побара ваква помош и за нашиот град.

Помошта да ја  добие за оваа грејна сезона, бидејќи и нашите деца треба да учат во топли училници, ако воопшто оваа сума од 2,3 мил. евра може да ги покрие долговите, прашаа од СДСМ на прес конференција.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он30/01/2026 - 17:3730/01/2026 - 18:29

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

Горан Наумовски30/01/2026 - 14:54

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

Горан Наумовски30/01/2026 - 12:16

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски30/01/2026 - 08:5530/01/2026 - 08:58

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

Горан Наумовски29/01/2026 - 18:38

СДСМ: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе?

Горан Наумовски29/01/2026 - 18:3829/01/2026 - 19:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен