СДСМ Битола: Талески го заборави спортот во Битола

Од:

„Пред 6 месеци Градоначалникот Талески, се сликаше со фудбалерите на Пелистер и во негов препознатлив стил вети дека во Битола ќе има врвен фудбал. Но денес сме сведоци на жална слика и уште едно лажно ветување на Талески“, велат од СДСМ Битола на прес конференција.

Битола беше расадник на спортисти и клубови кои се натпреваруваа и во европски купови.

Градоначалниче Талески, знаеме дека сте антиспортист, но не верувавме дека ќе бидете ваков непријател на спортот во градот.

Битола и буџетот собран од граѓаните не се ваша приватна своина.

Со години битолчани се жедни да гледаат убави спортски натпревари, како во Скопје, Штип, Струмица…

Но еве и после 8 години вие тоа им го скратувате.

Фудбалскиот клуб Пелистер од пред 6 месеци е акционерско друштво, под капата на општина Битола.

Затоа Талески да и одговори на битолската спортска јавност :

Зошто фудбалерите повеќе од 3 месеци немаат добиено плата, и не им се платени придонеси ?

Кога планираат да им ги исплатат ветените премии од минатата сезона ?

Кој ќе ја понеси одговорноста за хаосот кој владее во ФК Пелистер ?

Ги повикуваме Талески и претседателката на фудбалскиот клуб Пелистер Силвана Ангелевска, да ги тргнат партиските канџи на ДПМНЕ од спортот, и да им го остават фудбалот на оние кои искрено го сакаат и знаат да го водат.

Им ветуваме на граѓаните на Битола, дека за СДСМ како идна локалната власт, еден од врвните приоритети ќе биде, развојот на спортот во Битола и негово враќање каде што му е местото – во врвот во Македонија и пошироко.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана