СДСМ Битола: Покриениот базен, покритие за лагите на Талевски

Од:

„Битолската јавност е навикната на неисполнетите ветувања на градоначалникот Талевски, но тоа не значи и дека не ги памети. Имено, пред локалните избори во 2009тата, Талевски вети дека на оваа локација ќе изгради затворен олимписки базен. Неговиот мандат помина, но од базенот нема ни трага ни глас“, велат од огранокот на СДСМ во Битола.

Сепак, Талевски на само 4 месеци до изборите се намерачил оваа атрактивна парцела да му ја препушти на приватен правен субјект кој преку маската за јавно приватно партнерство(ЈПП) и изградба на базен, би имал право во постојниот габарит да изврши измена на проектот. На тој начин, некој ќе се стекне со вреден трговски центар без притоа да плати за парцелата и за комуналиите.

Дека нешто не е во ред со целата постапка сведочи и фактот што на јавниот оглас за пројавување интерес не се јавил никој, но и покрај тоа , локалната власт ја започна процедурата за доделување на концесија.

Токму зборот концесија им стана омилен во речникот на ВМРО-ДПМНЕ изминатите месеци. Соочени со извесното губење на локалните избори тие прво ги приватизираа паркинзите, продолжуваат со т.н проект затворен базен, за да финишираат со концесии врз оддржувањето на уличното осветлување и јавните автобуски постојки. Очигледно многу им се брза.

СДСМ ги повикува градоначалникот Талевски и ВМРО-ДПМНЕ веднаш да го прекинат ова раскрчмување на општинскиот имот, бидејки граѓаните на општина Битола им дадоа мандат да градат, а не да разнебитуваат.

Талевски треба да сфати дека времето на паради и матни зделки дефинитивно помина.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски