СДСМ Битола: Каде и за што во овие 8 години Талески потроши 200 милиони евра од буџетски пари?

Од:

Социјалдемократскиот сојуз продолжува со обзнанување на поразителната состојба во битолското образование.

Покрај средното образование, за чиј долг минатата недела се информираше целата јавност, а се проценува на повеќе од 1 милион и 300 илјади евра, во општина Битола во долгови тоне и основното образование.

Повторно се поставува прашањето дали и зошто, основното училиште Климент Охридски по основ на неплатени сметки за греење, вода, струја, телефон и нискоградба должи:
2 милиони и 500 илјади денари.

Основното училиште, „Тодор Ангелевски“ 1 милион 800 илјади денари, а основното училиште „Коле Канински“ 2 милиони 700 илјади денари.

Ако ова е точно, тогаш вкупниот долг на само овие три основни училишта изнесува скоро 7 милиони денари, што претставува навистина поразителен факт, поради кој деновиве училиштата се соочуваат со исклучени телефони, блокирани сметки и недостиг на греење.

Исто како во средните, така и во основните училишта, оваа лоша финансиска состојба придонесе да неможат да се обезбедат ни основните услови за одвивање на наставниот процес.
Бидејќи и после серијалот на прес конференции кои СДСМ Битола ги обелодени, а битолската јавност не доби одговор, повторно прашуваме:

  • Каде и за што во овие 8 години Талески потроши скоро 200 милиони евра од буџетски пари?
  • Зошто дозволи училиштата да тонат во долгови?
  • И како и кога мисли истите да ги врати?

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана