СДСМ: Без Претседател нема Комисија за 24. декември

Од:

Договор за работа на Комисијата за настаните од 24 декември без нејзиниот претседател Борче Давитковски апсолутно не постои, рече на денешната прес конференција потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски одговарајќи на новинарско прашање откако вчера Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека двете најголеми партии се договориле комисијата да продолжи да работи и без Давитковски.

-Социјалдемократскиот сојуз на Македонија целосно ги испочитува своите обврски кои произлегоа од мартовскиот договор. Го повикуваме претседателот Иванов, со оглед на тоа што тој ја формираше оваа комисија, да започне процес на консултации со двете најголеми политички партии, со цел да се надмине кризата на работата на комисијата. Договор за работа на комисијата без нејзиниот претседател апсолутно не постои-вели Манчевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?