СДСМ: Белиот дворец со плочки од 100.000 евра и вазни од 180.000 евра е симбол на криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Белиот дворец е симбол на криминалот, корупцијата и расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ. Со пари на граѓаните израсна од мала скромна жолта куќа во бела палата на 7 спрата, вредна 40 милиони евра, со раскошни лустери, скап мебел, позлатени рамки и уметнички дела“, соопшти СДСМ.

„Во неа има кинески лустери од над 20.000 евра, подни плочки од 100.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.000 евра, теписон од 20.000 евра, вазна од 180 000 евра.

Од Белиот дворец, кој стои како споменик на криминалот и корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето лицемерие, да продава лажна загриженост и да дејствува на штета на граѓаните.

Одамна на граѓаните им е јасно дека лицемерното ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо друго освен криминал и расипништво“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО