СДСМ: Белиот дворец е синоним за криминал и нелегален имот, ВМРО ДПМНЕ се што има да достави до ДКСК

Од:

„Синоним за криминал, корупција и незаконски имот стекнат со пари украдени од граѓаните е Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Судската пресуда Талир 2 докажа дека Белиот дворец е стекнат со злоупотреба на милионски суми, врз грбот на граѓаните. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел“, соопшти СДСМ.

„Се докажа дека ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови.

Кога зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво нека погледне во своите редови и својот дворец.

Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина поседува некакви информации за функционери кои не пријавиле имот треба да ги достават до надлежната институција – ДКСК, за понатамошно постапување“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски